Почетна

Игра на судбината

Дали се сеќавате на времето кога бевте дете и на возбудата и нетрпението кои ги имавте секој пат кога требаше да заминете на училишна екскурзија? Уште пред некој саат пред да заѕвони алармот ќе се разбудевте, ќе се превртувавте во креветот и нетрпеливо ќе го проверувавте часовникот? На триесет и кусур годишна возраст ми се…

Ноќ за збогум

Поминаа скоро петнаесет години од ноќта кога за последен пат се видоа. Се немаа сретнато ниту на улица, сѐ до денес кога патиштата им се споија. Во тесната уличка покрај која се простираа кафулиња, таа брзаше да стигне на родителска средба кај синот додека тој иташе на состанок. Кога погледите им се сретнаа, веќе беа…

Самоубиство во хотелот Аполо

Ми се допаѓа хотелов, на крајот од градот е, далеку од градската бучава каде што можеш да се опуштиш и да уживаш во моментот. Од подотворената балконска врата се слуша шумот на дрвата и распеаните птици кои ја најавуваат пролетта. Си мислам, ќе му се допаднеше хотелов и на Марко. Ќе го поминевме цел ден…

Бура

Го држам јажето цврсто со обете раце, толку цврсто што започнувам да го чувствувам како ми се врежува во дланките. Од време навреме губам сила, само на момент, но само тој момент е потребен за да ми се протне низ дланките, со толкава брзина што предизвикува триење, така што можам скоро да го измерам времето…

Женска беља

Седам пред вратата и се прашувам “зошто ли воопшто се појавувам на работа?“. Оваа мисла ми е веќе секојдневна. Секој ден истата работа, секој ден истата рутина. Стани во 6 сабајле, мачи се да станеш од креветот (нормално дека 5-тиот аларм веќе не може да се игнорира), полека полека како полжав на лист што остава…

На своја кожа

Умирам. Моите последни неколку минути во овој свет. Околу мене се надвива мракот како магла која што станува се погуста со секоја помината минута. Јамката се стега околу мојот врат, имам чувство како некој да ја стегнува сѐ повеќе и повеќе, а таа како добар пријател ме гушка толку силно што не можам да земам…

Глад

Дана е моја другарка скоро 1 и пол година, буквално откако пристигнав во ова крајбрежно градче пред исто толку време. Се запознавме во болницата каде што таа работеше како волонтер, а јас бев пациент тогаш, најден на обалата со дупка во мојата меморија поради која незнав скоро ништо за себе ниту за своето минато. Таа…

Плен

Лежам мирен и не мрдам. Пазам да не случајно почнам да се тресам од страв, затоа ги активирам повеќето мускули во телото и како некој труп лежам во креветот. Дишењето веќе одамна ми е прилагодено да биде тивко и нечујно, земам воздух само онолку колку да не се угушам. Дишам со стомакот, за да не…

Спасување

Устата ми е полна со прашина, горчлива прашина која ја чувствувам помеѓу забите како да сум јадела некој недоволно измиен зеленчук, додека околу мене сѐ е разрушено. Мојата топла и убава куќа сега е расфрлана насекаде околу мене во парчиња. Од преубавата трпезариска маса останата е само една ногарка, остатокот е некаде под потпорниот ѕид…

Еден поинаков Велигден

Велигден беше празник кој со нетрпение се очекуваше во семејството Алексови, посебно со нетрпение го чекаа најмладите членови, братчето и сестричето Адам и Сара. На неделниот велигднески ден, кога ќе ги разбудеше сонцето кое ѕиркаше во нивната соба, тие ќе рипнеа од креветот и трчајќи по дрвените скали пред нивната соба се упатуваа директно во…