Умирам. Моите последни неколку минути во овој свет. Околу мене се надвива мракот како магла која што станува се погуста со секоја помината минута. Јамката се стега околу мојот врат, имам чувство како некој да ја стегнува сѐ повеќе и повеќе, а таа како добар пријател ме гушка толку силно што не можам да земам воздух. Гравитацијата е онаа која ќе придонесе за мојот крај, резултат кој не може да се избегне поради тоа што висам на дрвото со јамката околу мојот врат, додека некој ме крева се повисоко и повисоко. Не успеав да му го видов лицето, се се случи премногу брзо. Кога ме зароби се што видов беше силна светлина како заслепувачко сонце и потоа осетив како некој ме става во вреќа. Сеуште сум во вреќата, но не можам да го видам мојот џелат. Ох колку би сакал ова да не е вистина, па зошто јас, зошто јас ? Не направив ништо лошо, секогаш ги сакав нив, секогаш. Верно ги следев, играв со нив, им пружав љубов и топлина кога им беше потребно, ги сакав кога беа тажни и пробав да ги орасположам. Не сваќам зошто сега мене ми се случува ова.
Се борам за да земам воздух, пробам да мрдам како луд, да најдам некој начин да избегам од оваа ситуација. Го слушам мојот џелат како се смее, ме удира со нешто. Ах, боли, многу боли, те молам немој, многу боли. Па ништо не сум ти направил за да го заслужам ова. Едвај можам да земам воздух веќе, чувствувам дека крајот е блиску. Нешто остро ме прободува во мојот стомак. Топла течност тече од местото и бранови од нова болка ме обливаат како некое разгеневено море. Некаква течност ме облива, мириса многу лошо, но и покрај тоа пробам да земам воздух, морам, сакам да живеам!. Мрдам, гребам и апам со преостаната енергија, да се ослободам, да избегам, но попусто. Го слушам како продолжува да се смее и како се доближува до мене. Нешто кажува, но не можам да го разберам. Одеднаш некаква жештина ме обвиткува како ќебе. Ох боже, па јас горам. Пламените ме обвиткаа и ми го горат крзното. Сакам ова да не е вистина, сакам да сум назад на моето место со мојот пријател. Каде имаше често пати игри, храна и љубов. Ме галеше скоро секој ден, ме сакаше, а и јас го сакав него. Си игравме, се бркавме и го апев нежно. Пламените ме оголија, моето крзно го нема повеќе, веќе нема да може да ме погали никогаш. Го заменија рани и кожа што се топи под виската температура на пламените јазици. Болка извира од секое делче од моето тело. Вдишувам чад кој доаѓа од мене и од вреќата која гори заедно со мене и се молам да заврши ова, да умрам конечно. Да не морам да го мирисам моето изгорено тело и оваа болка која не може да се опише. Те молам џелату убиј ме, те молам прекини ми ги агониите.
И тогаш крајот дојде. Слаткиот крај, ослободувањето од агонијата беше моментално и сега се што знам е мир и спокој. Во ова место каде што сум сега, ништо не е важно повеќе. Тука сум, некаде, во некоја празнина исполнета со темнина и светлина во исто време. Гледам без очи, слушам без уши, чувствувам допир на некого или нешто, но немам тело. Во тој момент на безвременост, разбирам дека сум мртов. Почнувам да плачам без солзи, од среќа дека мојата агонија заврши и дека сега конечно можам да одморам. Некој е до мене и ме води некаде. Некако, чудно и необјасниво, едноставно знам дека немам избор и дека морам да го следам. Стигнуваме до некаков свод, некаква врата, која изгледа како целата да е направена од густа магловита субстанца од која извира светлина налик на топло и нежно мајско сонце. Мојот водич ми објаснува, без зборови, едноставно знам дека ми објаснува, дека проживувавњето е завршено. Ми дава до знаење дека наскоро ќе бидам повторно споен со моите мисли и моите искуства. Чудно ми е ова, па јас веќе ги имам моите мисли и искуства. Што би можел да спои во мене што го немам веќе? Одеднаш бев свесен за себе, за ВИСТИНСКИОТ ЈАС. Во тој момент сватив кој сум и што сум. Безброј пати како и претходно, сакав ова да не е вистина. Јас, ова што го проживеав, не е мојот живот, не беше ова мојата смрт. Болката, љубовта, тагата и стравот беа на мојата жртва, на кучето што го убив. Ох боже, те молам да не е вистина ова, направи да не е вистина ова. Плачам без солзи и посакувам да можам да го вратам сѐ она што му го направив на кучето. Џелатот сум ЈАС! Посакував да не ми ги дадеше моите мисли и да си бев како претходно, жртва на грозоморно убиство. Да си останев кучето кое трагично и на поган начин го загуби својот живот и да продолжев до она ПОДОБРО место. Но знаев дека ова не е можно, знаев дека е ова мојата казна за она што му го направив на она кутро животно. Нема оправдување и ништо нема да го врати назад кучето, како и да ја олесни мојата казна во ова место. Чудно, но пеколот од секогаш сум го замислувал како на сликите или фреските во црквите каде има некакви демони/ѓаволи, езера со лава или котели со врело масло каде што те варат вечно. Но пеколот е многу полош од тоа, многу е поедноставна казната, а сепак е многу пати потешка. Пеколот е да ги искусиш последните моменти на својата жртва, да чувствуваш сѐ што таа чувствувала и да знаеш се што таа знае во тие последни минути или саати. Пеколот е дизајниран на овој начин како некој круг за трчање, каде што почнуваш на стартот, доаѓаш на финиш линијата и во тој момент сваќаш дека финиш линијата е всушност стартот. Со ова знаење дека пак сѐ ќе почне одново, повторно влегувам во кожата на кучето и го започнувам неговото измачување!
ментор: Фросина Пармаковска
