Устата ми е полна со прашина, горчлива прашина која ја чувствувам помеѓу забите како да сум јадела некој недоволно измиен зеленчук, додека околу мене сѐ е разрушено. Мојата топла и убава куќа сега е расфрлана насекаде околу мене во парчиња. Од преубавата трпезариска маса останата е само една ногарка, остатокот е некаде под потпорниот ѕид десно од мене. Ги нема ни моите преубави цвеќиња, кои секој ден ми го разубавуваа и правеа подобар, а јас за возврат ги опсипував со љубов и убавина и ги хранев со вода и хумусна земја, за да раснат убави и силни. Сликата од мојата мајка и татко, сликите од мене со нив, од моето поблиско семејство, сега лежат некаде испокинати, а рамките во кои што се наоѓаа, претворени се сега во едно мало купче срчи и пластични парчиња. Со главата сум потпрена на она што до пред неколку часа беше шанкот од мојата кујна и чекам некој да ме пронајде.
Ногата ми е приклештена под плакарот кој што е исто така и мојот спасител, затоа што, иако ми ја заглави ногата, го спречи еден од ѕидовите на куќата комплетно да ме згмечи и убие. Мислам дека Господ е со мене овој ден и сум му бескрајно благодарна за неговото мало чудо кое ми го спаси животот.
Мислите ми се заматени, иако изгледа како да поминало доста време, претпоставувам дека сум ја удрила силно главата и тешко ми е да се сетам како се ова се случи и што се случи за да дојде до ова.
Го извикувам името на мајка ми, Фатима неколку пати, потоа пробувам со името на татко ми, Иман. Правам пауза од неколку секудни за да слушнам дали некој ќе се одѕве на мојот повик. Глуждот од заглавената нога ми е црвен и отечен, а и мислам дека сѐ повеќе ми отекува, затоа што почнувам да осеќам како пулсот на моето срце да е присутен и во отеченото место на глуждот. Нема никаков одѕив од моите родители, започнува да ме обзема страв додека полека ми се враќа сеќавањето за тоа што се случи пред оваа несреќа.
Седевме дома и се спремавме за вечера јас, мајка ми и татко ми. Мама спремаше прекрасна вечера со мусакхан за сите нас тројцата, како што ни беше тоа нашиот ритуал пред крајот од секој ден. Јас само што се вратив од кај мојата другарка Мона, која ми беше најдобра другарка откако знам за мене и немаше ден да не поминам барем еден час со неа. Седнав на масата заедно со тато и започнав да му кажувам што ми се случи тој ден, како ме пофалија на школо и како со Мона размислувавме за нашиот проект по историја, за тоа како да не заборавиме на она што историјата нѐ учи за грешките во минатото, па да не ги повторуваме во нашата иднина. Тато ме слушаше целосно внимателен да не му избега некој детаљ од мојот “извештај“ за тоа како ми поминал денот. Додека објаснував, тој често знаеше да вметне по некоја шега, колку да ми го направи целиот разговор позабавен. Само кога ги кажуваше тие шеги како целосно да се ослободуваше, единствено во тие моменти забораваше да ме поучи и да ми напомене како да се однесувам во врска со сето тоа што имав моќ да го направам, за мојата мала “тајна“. Никогаш не дознав дали тоа повеќе му создаваше грижи отколку што му претставуваше радост. Ги обожавав моите родители и искрено можев да кажам дека беа најдобрите родители што некој би можел да ги посака.
На средина на една од неговите шеги, мама ни викна да се спремиме и дека ќе започне да ја принесува вечерата. Јас станав и отидов до големиот плакар направен од полно дабово дрво, кој што беше толку тежок што не можев воопшто да го помрднам, каде што ни стоеше приборот за јадење како мали и големи чинии, разни видови и големини на чаши и сребрената колекција на мама, која што и беше дадена од нејзината мајка како чеиз кога се венчале со тато. Го отворив плакарот и почнав да барам во него што од приборот ќе ни биде потребен за денешната вечера. Мајка ми ја слушнав позади мене како ја носи вечерата и се лути затоа што сѐуште не е спремна масата. Се свртев да и објаснам на мајка ми дека ќе биде спремна за минутка, а во тој момент како гром од ведро небо, слушнав само за момент заглушувачки звук на експлозија над нашата куќа и без да имам време да го кренам погледот или да реагирам, бев фрлена кон плакарот со огромна сила под притисокот од експлозија директно во покривот на нашата куќа. Мајка ми и татко ми како некои кукли направени од партали беа фрлени кон ѕидовите на куќата и ова беше единственото нешто што го видов кога се случи експлозијата, што претпоставувам дека беше од некој вид на ракета или слично. После ова веќе немаше ништо, само темнина, вкус на бетон во мојата уста и мирис на изгорена пластика промешана со сѐуште препознатливиот мускахан на мајка ми.
Повторно го извикав името на мама, па на тато, па повторно на мама, за на крај да почнам да плачам и да се тегнам со цела моја сила за да се ослободам од плакарот и да пробам да ги пронајдам моите родители под градежниот шут што некогаш беше нашата куќа.
Попуст беше секој мој обид за да се извлечам од плакарот. Започнав да плачам од гнев, од тага, викав низ солзи по моите родители, го молев Бога за помош, да ми помогне да ги спасам. Тие беа добри луѓе, јас бев добра, никогаш на никој ништо лошо не сме му направиле. Викав и викав, плачев, лелекав и викав повторно. Одеднаш, низ моите солзи, липање и извици, го слушнав мојот татко. Звукот беше тивок и доаѓаше точно од правецот каде што тој седеше. Срцето ми забрза и осетив инстантно олеснување во градите, како мојот товар да е одеднаш полесен, поподнослив. Повторно извикував кон него да ми каже дали е добар, дали е мама таму, дали е таа добра, што се случува и зошто сѐ ова ни се случи нас.
Толку многу прашања имав, но најбитно ми беше што го слушнав, тој беше жив и надежта беше жива дека можеби и мама е во ред, дека тие можеби се повредени слично како мене или дека се подобри. Тато ми рече дека е заглавен во неколку парчиња од нашиот претходно прекрасен мебел, кој сега е само парчиња шпици и испокинат текстил, дека ќе проба да дојде до мене и да ме извади од овде. Ми рече да почекам да проба да го расчисти шутот околу него и да продолжам да му зборувам, да не прекинувам да му зборувам. Јас почнав да плачам од страв и од шок кои што произлегоа од целата оваа ситуација, но за кратко се смирив и започнав повторно да му го рецитирам денот на тато, што ми се случи на училиште и потоа што правевме со Мона. Тато за цело време исто така ми зборуваше, ме потпрашуваше прашања за мојот ден на школо, за проектот што го имавме со Мона, па дури и кажа неколку шеги. За цело ова време додека разговаравме покриени под рушевините на нашиот некогашен топол дом, гласот на татко ми беше сѐ поблиску и поблиску до мене.
После, претпоставувам, пола час, конечно го видов лицето на татко ми. Огромен бран на среќа имаше во моите гради, а горки солзи радосници се разлеаја по моето лице. Татко ми беше раскрварен некаде на главата, имаше рана од која по малку се разлеваше крв низ пределот од веќе згрутчена крв заплеткана во неговата веќе ретка коса. Лактите му беа прилично изгребани, претпоставувам поради тоа што мораше да лази на нив за да се провлече низ овој лавиринт од градежен шут што сега стоеше на местото на нашата куќа. Едното око му беше раскрварено и дишеше тешко, како да има проблем да земе доволно воздух.
Кога конечно дојде до мене, го прегрнав толку силно што тој офна во еден момент. Се гушкавме двајцата и плачевме заедно, среќни што се гледаме и што сме заедно повторно.
Го прашав за мама, дали ја слушнал, дали ја видел. Ми рече дека сега не е моментот за тоа, дека мора прво мене да ме изнесе надвор, па потоа ќе се врати и по неа. Јас на овој одговор се опирав и му реков дека мора да ја најдеме сега и нејзе, дека сакам и таа да е овде со мене. Започнав повторно да плачам и како некое мало дете не можев да се смирам. Бев премногу блиска со нив двајцата, беа моите родители и бевме семејство, сакав со целото мое битие да бидеме пак семејство, повторно да е сѐ како што си беше, а ние да си живееме во нашата куќа, во нашиот дом. Тато ме прекина остро и ми рече дека имам скоро 15 години, дека станувам млада жена и дека прво мора да се осигура дека јас сум безбедна. Ми рече дека мама би го направила истото да е таа тука на негово место. Пробав да се побунам и да останам на своето, но знаев дека морам да направам како што кажува тато.
Тој дојде најблиску што можеше до мојата заглавена нога под плакарот и неколку минути надвор од целата оваа рушевина слушнавме како се приближуваат некакви возила и звуци од луѓе и се израдувавме и двајцата затоа што набрзо ќе нѐ спасат. Ова како да го слушнаа остатоците од бетонските ѕидови врз нас и како да беа синхронизирани со наближувањето на возилата над нас, започнаа да се тресат сѐ повеќе и повеќе. Околу мене и тато започнаа да паѓаат делчиња од бетон и да се слушаат некакви чудни звуци, како да се витка некое дебело парче метал. Тато веднаш побрза до мојата заглавена нога, ја стави ногарката од масата која беше до мене како лост под масивиот плакар, ме предупреди да бидам храбра, дека ова ќе боли многу, дека немаме време за губење затоа што возилата ги прават рушевините нестабилни, што значи дека во секој момент може да паднат врз нас. Ми рече да земам неколку длабоки вдишувања и започна да притиска на парчето дрво. Само што почна да притиска на ногарката, почуствував бранови од неопислива болка како продираат во мене од мојот заглавен глужд па сѐ до моето срце. Секој бран беше како колец да ми забиваа во срцето. Ги стиснав забите, викав и плачев, но тато не престана. После голем напор од него, малку по малку мојата нога се ослобудавше, сѐ додека не беше целосно ослободена од тежината на плакарот. Во моментот на ослободување, осетив едно длабоко олеснување, болните бранови болка веќе не се емитуваа од мојот повреден глужд, а срцето повеќе не беше мета на ужасните бодежи.
Без воопшто да губи време, тато ме зграпчи за раката толку силно, што помислив дека можеби ми ја повреди. Ми рече дека мора да излеземе од под куќата што е можно побрзо и започна да поместува парчиња од скршениот мебел што ни го блокираше патот. Потоа, со помош на она парче дрво, онаа ногарка од трпезаријата, ја искористи повторно и со надчовечка сила успеа да го крене блокот од искршен ѕид, го подисправи и го искористи како потпирач за потоа да крене уште едно огромно парче бетон со помош на ногарката и да го потпре на поткренатото парче ѕид.
Тато успешно ја заврши оваа татковска мисија, во која не мислеше на себе, не мислеше на мојата мајка, љубовта на неговиот живот, со која е во брак повеќе од 20 години, туку мислеше само на мене, на неговата ќерка единица и на тоа како побрзо да ме извлече од под плочите бетон, кој што во кое било време можеше да стане наш гроб.
Блокот бетон над нас се подотвори. Сончевиот зрак упорно се провлекуваше низ процепот кој што стануваше сѐ поголем и поголем. Мојот татко со своите последни сили притисна на лостот изграден со помош на делот кој што претходно беше една од ногарките на трпезариската маса, врз овој притисок со рацете, на крај ја додаде и тежината на своето тело, потпирајќи се врз лостот за да успее да отвори доволно голема дупка помеѓу рушевините. Дупката кон површината што се отвори, сега беше доволно голема за да може да се протнеме низ неа и да излезем на површината. Татко ми ми рече да појдам прва додека тој ја држи дупката отворена. Ми рече кога ќе излезам да побарам помош од некого и да им покажам каде се наоѓаат тој и мајка ми. Со солзи во очите, додека тивко липав, го прифатив неговото барање не можејќи притоа да ја пуштам неговата рака, додека тој ме тераше да излезам од овој бетонски пекол.
Полека се протнав низ дупката, исекувајќи се на неколку места на нозете, рацете и грбот. Овие исекотини скоро и да не ги чувствував брзајќи да стигнам до површината, каде што според звукот на возилата кои се доближуваа, помошта за моите родители беше скоро пристигната до нашата куќа.
Конечно успеав да исползам надвор, заслепена од попладневното сонце, со прашина и мали парченца од бетон во очите, побелена како некој дух од нечистотијата залепена на моето тело, исечена на толку многу места што не ни би можела да ги избројам, побрзав да повикам помош од возилата кои што веќе беа тука и запираа пред рушевината од нашата некогашна куќа.
Оклопните возила на Израелската војска беа оние кои што пристигнаа до нас. Во последните неколку недели имаше сѐ позачестени напади на Израел кон нашот палестински народ и пределот во кој што живеевме и ние. Тато и мама често пати ме учеа да не му замерувам на израелскиот народ, на нивните војници, дека и тие се луѓе како сите нас и дека и тие само следат наредби. Ме убедуваа дека никогаш нема да нѐ нападнат, дека целиот свет гледа и дека Израел не би се осудил. Иако ова на крајот не излезе точно, иако нашата куќа сега беше само куп срушени ѕидови, искршени штици и прозорци, јас, сепак, верував дека ќе им помогнат на моите родители, дека ќе ги извлечат од под рушевините.
Започнав да барам помош од израелските војници, влечејќи се до нив со мојата повредена нога, испокината и испосечена по целото тело. Тие ме погледнаа, дојдоа до мене, ме кренаа и ме однесоа до местото каде што беа застанати нивните оклопни возила. Додека ме влечеа го слушнав татко ми како извика да побрзам и дека слуша звуци од мајка ми, дека таа е жива. Срцето повторно ми заигра од радост и солзи радосници започнаа да ми течат по лицето додека израелските војници ме влечеа до нивните возила. Еден куп мисли ми поминаа низ главата во тој кус период додека ме одвлекуваа, помислив како повторно ќе бидеме семејство, како куќата ќе ја изградиме повторно и пак ќе бидеме сите заедно на нашите традиоционални вечери.
Еден од војниците ме зграпчи за рацете и ме крена на нозе викајќи ми да стојам на здравата нога и да се потпрам со раката на возилото. Го послушав и ги замолив да одат побрзо да им помогнат на моите родители, но тие како да не ме слушаа. Повторно ги замолив, им објаснував дека и моите родители се заглавени под рушевините и дека мораат што побрзо да помогнат и да ги извадат надвор, дека татко ми не може уште многу да издржи и дека мајка ми е најверојатно во лоша состојба. Додека им објаснував, војникот најблиску до мене ме погледа, дојде до мене и со молскавична брзина ме собори на земја со шлаканица. Од ударот започнав да гледам темни дамки и ми требаа неколку секунди да се опоравам. Започнав да плачам и да ги молам да им помогнат на моите родители, започнав повторно да им објаснувам, но сѐ што добив беше удар во стомакот од кој не можев да земам воздух. Додека пробував да станам повторно од земјата, војникот што ме удри му кажа на капетанот дека има неколку “кучиња палестински“ под рушевината и дека тие се сѐуште живи. Капетанот се насмевна злобно, ме погледна мене и му порача на еден од војниците да ме внесе во една скоро изрушена куќа и дека јас сум награда за неговите војници за добро завршената работа. Дека откако тој ќе заврши со мене, сите ќе добијат време со мене еден по еден. Војниците на ова извикуваа радосни звуци и свиркаа на поган начин кон мене. Војникот го послуша и радосен за овој “подарок“ на неговиот капетан, ме грабна од земјата, ми ги врза рацете, а со неговиот нож ми ја искина мојата блуза за сите да можат да ме видат гола додека ме шета по улицата до урнатата куќа, каде што беше наредено да бидам искористена од сите нив, почнувајќи од капетанот. Се опирав колку што можев, плачев, врескав, барав помош од некого, од кого било што слушаше и што можеше да ми помогне, но сѐ беше залудно. Војникот ме зеде на неговото рамо како да бев некое јагне кое го носат на колење и започна да ме носи кон разурнатата куќа. Тогаш капетанот нареди да се “искоренат палестинските глувци“, по што неколку од војниците зедоа во рацете ракетни фрлачи, ги насочија кон мојата куќа и ги испалија.
Можев само да гледам во ужас додека од мојата куќа, од рушевината која што беше таму пред малку, сега остана само пламен, стопен метал и мирис на изгорено месо. Сликата на моето семејство, сите заедно во нашата куќа, спремни за вечера до пред само некое време, среќни и задоволни од нашиот живот, ми прелета пред очи. Сфатив во тој момент дека ова ќе остане само слика и дека веќе никогаш нема да ги видам мојот татко и мојата мајка, дека никогаш повеќе нема да можам да ги допрам, да ги гушнам и тие да ме гушнат мене. Новата слика во главата сега беше изградена од чад, голема дупка исполнета со стопен метал, парчиња бетон и моите родители како горат живи, додека овие демони, овие Израелци, се смеат и се радуваат на знаењето дека за само неколку минути ќе бидам силувана од сите нив и на крај, најверојатно, убиена. Моето тело оставено да се распадне, моите родители изгорени, а мојата куќа само еден куп земја.
Сѐ ми стана јасно, нешто пукна во мене, нешто се скрши. Она што моите родители ме учеа никогаш да не го правам, никогаш да не ја откривам мојата тајна пред никого и во никој случај. Тајната дека јас не бев како сите останати мои врсници, дека моите родители не беа моите биолошки татко и мајка и дека сум била пратена кај нив од “некаде далеку позади ѕвездите“. Во мене нешто растеше, некаков претходно невиден гнев, чувствував како нешто се менува во мене, како нешто се буди во мојата глава и во мојот стомак. Наплив на новодобиена енергија проструи низ мене како некоја брана што е скршена, како некој водопад кој што за првпат протекува. Бев свесна за сите војници околу мене, за војникот што ме водеше, за капетанот. Ја чувствував нивната злоба, нивниот презир за мене и што сѐ ќе ми направат во разрушената куќа во која ме носеа. Нивната свест за мене сега претставуваше телевизор за кој јас го имав далечинскиот управувач и бев свесна дека можам да ја контролирам програмата и секој аспект од нивната психа. Едноставно знаев дека можам да ги доведам комплетно под моја контрола и да ги убедам да мислат, чувствуваат, видат и сакаат сѐ што јас сакам.
Во мојот гнев, мојата презир за нив, посакав сите да умрат. Војникот во истиот момент момент ме спушти на земјата, ме погледна во очи и со солзи во очите го извади својот пиштол и се самоуби. После него следеа уште десетици истрели, после кои сите војници, вклучувајќи го и капетанот веќе не беа живи.
Зедов една од пушките што ја носеше војникот, најдов една дрвена даска за да ја искористам како штака, па полека продолжив по правливиот пат, помеѓу срушените куќи и запалените и демолирани автомобили. Во правец кон Израел, за да донесам правда за целиот мој Палестински народ!
ментор: Фросина Пармаковска
