Велигден беше празник кој со нетрпение се очекуваше во семејството Алексови, посебно со нетрпение го чекаа најмладите членови, братчето и сестричето Адам и Сара.
На неделниот велигднески ден, кога ќе ги разбудеше сонцето кое ѕиркаше во нивната соба, тие ќе рипнеа од креветот и трчајќи по дрвените скали пред нивната соба се упатуваа директно во кујната за да видат кој ќе победи, кој ќе успее со своето јајце да го скрши јајцето на другиот. Адам ги бираше јајцата со супер херои, а додека пак за Сара мама Весна имаше извапцано јајца на кои беа залапени стикери од принцези.
Мама Весна сакаше да ги гледа своите деца весели и среќни и не и преставуваше проблем да извапца јајца во еден куп бои, кои кога ќе ги погледневте сите заедно на куп наликуваа на винижото. И оваа година не беше ништо поразлично, после борбата со кршење на јајца следуваше појадокот, а после појадокот Сара и Адам имаа дозвола да пробаат неколку од чоколадните јајца кои се наоѓаа во малата плетена кошничка која стоеше на белата медиапанска маса во центарот на собата. Весна и Владимир беа доста строги кога се работеше за конзумирање на благо, бидејќи Сара и Адам немаа граници за тоа колку можат да изедат, па тато и мама мораа да постават граница.
Како и секоја година, така и оваа семејството Алексови се подготвуваше да појде на ручек кај баба и дедо, тоа беше еден вид на традиција која ја имаа и секогаш се држеа строго до неа. Сепак оваа традиција не беше само во семејството Алексови, туку повеќе би рекол во христијанските семејства, каде што за ручек на овој најголем христијански празник се одеше кај најблиските. Сара и Адам беа многу среќни бидејќи ќе одат на ручек кај баба им и дедо им. Причината за оваа среќа беше што одеа во викендичката на баба им и дедо им која што ја имаа во едно село не далеку од градот во кој што живееја. Децата многу сакаа да го поминуваат времето на викендичката затоа што имаше голем селски двор каде што можеа да се истрчаат и да си играат, а тука беа и Далибор и Стефи другарчињата на Адам и Сара од соседната комшиска куќа, кои исто како Сара и Адам одеа на гости кај баба и дедо на овој празник. Сара, Адам, Стефи и Далибор беа неуморни. Сѐ додека не ги повикаа на кратка пауза за ручек и додека не паднеше мрак и не дојдеше време да си одат дома, тие не прекинуваа со детските игри, цело време одејќи де во дворот на Алексови, де во дворот на Захариеви. Во дворот на Захариеви играа со топката позади куќата на долгата искосена ширинка, додека кај Алексови играа криенка миженка, бидејќи имаше повеќе места каде можат да се кријат.
Адам и Сара не чекаа два пати да им речат родителите да започнат со подготовки за кај баба им и дедо им. Иако беа загледани во телевизорот, веднаш рипнаа од каучот кога мајка им им најави дека кај и да е ќе тргаат. После половина час семејството Алексови беше во својот автомобил кој се упати кон селото каде што ги очекуваа бабата и дедото на Адам и Сара т.е родителите на Владимир. Сепак не беа само Адам и Сара единствените кои одвај чекаа да заминат на село, и на Владимир и Весна им годеше оваа промена која макар на еден ден ќе ги оддалечи од градската врева и метежот, ќе можат на кратко да се опуштат и да ги наполнат своите бели дробови со свеж планински воздух.
Но тоа што не го знаеа Владимир и Весна е дека иако денешниот ден личеше како и секој обичен ден, сепак беше ден кој ќе остане врежан во нивните сеќавања.
После 50 минутно возење, Алексови пристигнаа во селото. Во дворот на баба Јана и дедо Јошко веќе беше поставена масата на расклопување со поставен чадор кој ќе ги заштити од силното сонце. Адам и Сара истрчаа да се поздрават со баба и дедо, и како што беше редот дедо Јошко веќе имаше спремено јајца да се крши со своите внуци. Баба Јана веднаш отиде да свари кафе за своите гости. Откако кафето беше испиено, баба Јана и Весна отидоа да спремаат салата, дедо Јошко и Владимир ја распалија скарата, а Адам и Сара веќе беа во дворот на Захариеви каде што ги очекуваа Далибор и Стефи. После кратката пауза за ручек, која беа приморани Сара и Адам да ја направат, ја продлжија нивната дружба со комшиските деца.
После кратко време дотрча Сара со Далибор и Стефи во дворот кај своите родители и малку исплашена им кажа дека играле криенка миженка, но не можат никаде да го најдат Адам. Весна и Владимир не ја сфатија озбилно целата ситуација, првата нивна помисла беше дека Адам пак изведува некоја негова ујдурма, затоа само Весна стана да го побара со децата. Се упатија на улицата каде што децата играле криенка миженка, Весна викна неколку пати по Адам, но не доби повратен одговор. Се реши да проба со заканувачки тон да му даде до знаење на Адам дека не и е дојдено до неговите игри, но повторно не доби никаков одговор. Весна ја фати паника, се врати во дворот откако на децата им рече да одат кај Захариеви и испаничено почна да вика: “Нешто лошо му се случило на Адам! Го нема, никаде го нема!”. Тогаш Владимир проба да ја утеши Весна велејќи и: “Не се грижи мила тука е сигурно, нема кај да оди. Сигурно само се крие, ќе го најдеме веднаш”. За неполни 10 минути Алексови ги поминаа сите 3 улички кои постоеа во селото, но од Адам немаше ни трага ни глас.
Селото беше планинско, покрај патот имаше шума од чемпреси кои растеа на блага провалија. Единствено нешто што му падна на памет на Владимир е дека можеби Адам се има лизнато во провалијата на улицата на која што играле криенка миженка, но за сам да го пребара цело место ќе му треба многу време, па затоа побара помош од Захариеви. На потрагата се приклучија и луѓе од соседните куќи кои несебично сакаа да помогнат да се најде Адам здрав и жив. После 15 минути од потрагата на длабочина од 15 метри во провалијата, Венко Захариев слушна тивок глас кој довикуваше за помош. Венко веднаш се упати кон местото од каде што доаѓаше гласот и на 5 метри од себе го виде Адам како лежи покрај едно дрво. Едната нога на Адам беше во крв и исто така имаше рана на челото. Ногата на Адам беше повредна и највеќе што успеал е да се довлечка само неколку метри до местото каде што сега се наоѓаше. Венко многу претпазливо и внимателно го зема Адам во своите раце внимавајќи да не го повреди и се упати да се искачува по провалијата.
Потрагата заврши, а Алексови им се заблагодарија на сите коишто помогнаа да се најде Адам и веднаш се упатија кон болница. Владимир возеше со голема брзина и со запалени 4 светла на својот автомобил за да стигне што е можно побрзо до болницата. По патот Адам беше свесен, само на моменти плачеше од силната болка која ја чувствуваше на повредената нога. Кога излегоа од автомобилот, Адам поврати неколку пати. Тој веднаш беше однесен на преглед, а неговите родители и баба и дедо во ходникот чекаа вести од докторите. Иако поминаа само 20 минути пред да се појави повторно докторот за да им ја соопшти состојбата во која се наоѓа Адам, за Владимир и Весна овие 20 минути траеа како цела вечност. Докторот им соопшти дека повредата на ногата на Адам не беше сериозна, немаше скршеница, доволно беше само преврска, тогаш Весна со олеснување го праша докторот: “Дали тоа значи дека за кратко време Адам ќе може да си оди дома?”, но докторот сеуште им ја немаше соопштено целосната дијагноза. На ова прашање на Весна докторот одговори дека Адам ќе мора да остане минимум една недела во болницата, затоа што имаше потрес на мозокот, всушност повраќањето на Адам пред болницата за кое Весна и Владимир мислеа дека е поради патот и големата брзина со која везеше Владимир, бил еден од симптомите на мозочен удар. Весна одвај се задржа за Владимир да не се струполи кога ги слушна овие вести од докторот. Докторот им објасни дека Адам мора да остане под лекарски надзор минимум недела дена, за да може да се следи неговата состојба во случај да дојде до влошување. Шасните за компликации како што се: отекување на мозокот, епилептични напади или стварање на хематоми се многу мали, но доколку дојде до такво нешто медицинскиот персонал мора веднаш да реагира за да се спречи озбилно нарашување на неговото здравје.
Наредните седум дена додека Адам беше во болница за Владимир и Весна беа како пекол. Не можеа да спијат од грижи, дали успеваа да заспијат само некој саат во текот на ноќта. Се чувствуваа крајно беспомошни затоа што не можеа да направат ништо за својот син, се што им преостануваше е да чекаат и да се молат за Адам да биде добро.
Виновникот за несреќата на Адам беше калта, поради врнежите од претходните денови пред да се случи несреќата, имаше на места кал покрај патот. Адам трчајќи по ивицата на патот згазнал во калта, се лизнал и така се нашол во провалијата. После седум дена поминати во болница, состојба на Адам за среќа не се влоши и тој беше пуштен дома, но тоа што остана беше лузната на неговото лице, мала лузна која што ќе ги потсетува Алексови додека се живи на овој велигднески ден.
