Го држам јажето цврсто со обете раце, толку цврсто што започнувам да го чувствувам како ми се врежува во дланките. Од време навреме губам сила, само на момент, но само тој момент е потребен за да ми се протне низ дланките, со толкава брзина што предизвикува триење, така што можам скоро да го измерам времето … Продолжи со читање Бура
Автор: icecarev
Женска беља
Седам пред вратата и се прашувам “зошто ли воопшто се појавувам на работа?“. Оваа мисла ми е веќе секојдневна. Секој ден истата работа, секој ден истата рутина. Стани во 6 сабајле, мачи се да станеш од креветот (нормално дека 5-тиот аларм веќе не може да се игнорира), полека полека како полжав на лист што остава … Продолжи со читање Женска беља
На своја кожа
Умирам. Моите последни неколку минути во овој свет. Околу мене се надвива мракот како магла која што станува се погуста со секоја помината минута. Јамката се стега околу мојот врат, имам чувство како некој да ја стегнува сѐ повеќе и повеќе, а таа како добар пријател ме гушка толку силно што не можам да земам … Продолжи со читање На своја кожа
Глад
Дана е моја другарка скоро 1 и пол година, буквално откако пристигнав во ова крајбрежно градче пред исто толку време. Се запознавме во болницата каде што таа работеше како волонтер, а јас бев пациент тогаш, најден на обалата со дупка во мојата меморија поради која незнав скоро ништо за себе ниту за своето минато. Таа … Продолжи со читање Глад
Плен
Лежам мирен и не мрдам. Пазам да не случајно почнам да се тресам од страв, затоа ги активирам повеќето мускули во телото и како некој труп лежам во креветот. Дишењето веќе одамна ми е прилагодено да биде тивко и нечујно, земам воздух само онолку колку да не се угушам. Дишам со стомакот, за да не … Продолжи со читање Плен
Спасување
Устата ми е полна со прашина, горчлива прашина која ја чувствувам помеѓу забите како да сум јадела некој недоволно измиен зеленчук, додека околу мене сѐ е разрушено. Мојата топла и убава куќа сега е расфрлана насекаде околу мене во парчиња. Од преубавата трпезариска маса останата е само една ногарка, остатокот е некаде под потпорниот ѕид … Продолжи со читање Спасување
