Дали се сеќавате на времето кога бевте дете и на возбудата и нетрпението кои ги имавте секој пат кога требаше да заминете на училишна екскурзија? Уште пред некој саат пред да заѕвони алармот ќе се разбудевте, ќе се превртувавте во креветот и нетрпеливо ќе го проверувавте часовникот? На триесет и кусур годишна возраст ми се … Продолжи со читање Игра на судбината
Категорија: Реализам
Ноќ за збогум
Поминаа скоро петнаесет години од ноќта кога за последен пат се видоа. Се немаа сретнато ниту на улица, сѐ до денес кога патиштата им се споија. Во тесната уличка покрај која се простираа кафулиња, таа брзаше да стигне на родителска средба кај синот додека тој иташе на состанок. Кога погледите им се сретнаа, веќе беа … Продолжи со читање Ноќ за збогум
Бура
Го држам јажето цврсто со обете раце, толку цврсто што започнувам да го чувствувам како ми се врежува во дланките. Од време навреме губам сила, само на момент, но само тој момент е потребен за да ми се протне низ дланките, со толкава брзина што предизвикува триење, така што можам скоро да го измерам времето … Продолжи со читање Бура
Еден поинаков Велигден
Велигден беше празник кој со нетрпение се очекуваше во семејството Алексови, посебно со нетрпение го чекаа најмладите членови, братчето и сестричето Адам и Сара. На неделниот велигднески ден, кога ќе ги разбудеше сонцето кое ѕиркаше во нивната соба, тие ќе рипнеа од креветот и трчајќи по дрвените скали пред нивната соба се упатуваа директно во … Продолжи со читање Еден поинаков Велигден
